Macedonia

Нема посигурен начин да се намали можноста од човечки грешки, отколку да се дигитализира сè што може, вели Маричиќ

Пандемијата, посочи тој, беше катализатор на процесот кој е од суштинско значење за подобрувањето на ефикасноста на работата на судиите и судска администрација, а тоа е дигитализацијата.

„Дигитализацијата, за жал во некои сегменти во општеството наидува на отпор. Судството секако нема да биде заобиколено. Се надевам дека набрзо ќе бидеме сведоци на целосна дигитализација на 187 судници и 34 судови низ државата“, изјави Маричиќ.

На ова, нагласи тој, имаме директна финансиска и стручна помош од ОБСЕ, Европската Унија, САД и Норвешката влада.

„Нема посигурен начин да се намали можноста од човечки грешки, отколку да се дигитализира сè што може. Со визија и макотрпна работа веќе чекориме по патот на модернизацијата, пат којшто дава уште поголема ефикасност и подобар квалитет на испорачување на правдата, но и доследно спроведување на законот и заштита на странките во постапките, така како што бараат современите европски стандарди“, изјави Маричиќ.

Судската служба, порача тој, е моторот на овие реформи, и верувам дека до крајот на годината ќе се реши проблемот и ќе се зголемат нивните плати и статусот на судската служба.

Маргарита Цаца Николовска од ИЧП, на отворањето рече, дека во рамките на 30-месечните активности на проектот биле спроведени пет работилници за одговорност, транспарентност и ефективност со судии, обвинители и адвокати.

„Работилниците беа водени од експерти со акцент на размена на практични искуства“, изјави Николовска.

Во рамките на проектот, посочи таа, беше изработен заеднички протокол за унифицирано спроведување и работење на судската служба, како и проектната публикација.

Судијата во Врховниот суд Џемали Саити, и претседател на Здружението на судии, рече дека ефикасноста како важен сегмент за пристапот до правда во изминатиот период бележи напредок, но и дека е важно и понатаму да се работи на унапредување на судската служба и судиите.

Претседателот на Здружението на судска администрација Сашо Темелкоски, порача дека ефикасноста на судовите е од големо значење во генерирање доверба од граѓаните.

„Опсегот на работни задачи на судската служба почнува од приемот, водењето и архивирањето на судските списи и предмети. Таа не завршува тука и се однесува и на самото спроведување на судењата и одржување на судската зграда. Ефикасноста при извршувањето на работните задачи од судската служба, ќе придонесат и за зголемување на целокупната ефикасност на судовите“, нагласи Темелкоски.

Мерливоста за ефикасноста, посочи тој, може значително да се прави преку Акмис системот, кој генерира податоци за спроведените судските предмети.

Конференцијата се одржува во рамки на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството", финансиран од страна на Европската Унија и кофинансиран од Британската амбасада во Скопје, а спроведен од Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) во соработка со Институтот за човекови права (ИЧП) и професионалните здруженија на судии и судска администрација.

Football news:

St. Petersburg police asked a fan to remove the flag of Ukraine in the fan zone
Shevchenko played bravely, but paid for the failures in the center and on the flanks - the Netherlands could lead bigger
Zidane to the journalist: Will you ask the same stupid questions? Your job is a disgrace
Barcelona wants to get 5-10 million euros for Umtiti. He was bought for 25 million
Lionel Messi: The title with the national team of Argentina is my big dream. I have been close many times
Brazil coach: Previously there was an extraordinary Zico, today there is Neymar, and before him there were Romario and Ronaldo
Blind on Eriksen: I had to overcome myself to play against Ukraine. I am proud that I was able to