Нов гаф на Владата. Официјалното Владино соопштение за одржаната прес-конференција на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска – Грашкоска, покажа скандалозно ниво на непрофесионализам на вработените во Владината прес служба.

А, освен скандалозно, никако поинаку не може да се оцени тоа што како прилог на обраќањето на Филиповска – Грашкоска, наместо фотографија од настанот, медиумите добија фото-монтажа и карикатура од американскиот претседател Доналд Трамп.

Меѓу фотографиите се најде и фотомонтажа од претседаелот на САД со селанка на која пишува „Сестрата на Трамп од Лесковац.“

Од Владината прес-служба го увидоа својот гаф и шест минути по првочното соопштение испратија корекција во која сликата на Трамп ја немаше.