Macedonia

Од средина на јуни дел од европските граници ќе бидат отворени

Австрија, Чешка, Словачка и Унгарија планираат усогласено заедничко отворање на границите кон средината на јуни, соопшти денеска шефот на австриската дипломатија, Александер Шаленберг.

– Се согласивме да го минеме тој пат заедно и со себе да ја земеме и Унгарија, рече тој на видео конференцијата со колегите од Чешка и Словачка, Томас Петричек и Иван Корчок.

Одлуката за отворање на границите би можела да биде донесена уште следната недела, а потоа ќе биде одреден конкретен датум, вели Шаленберг во изјава за агенцијата АПА.

Тој рече дека во моментов интензивно се работи на тоа од средината на јуни да се воспостави целосна слобода на патување со Чешка, Словачка и Унгарија, како што беше и пред пандемијата на новиот коронавирус. Истовремено, тој потенцира дека е важно мерките да бидат донесени врз основа на јасни параметри за здравјето, мобилноста и безбедноста.

Шаленберг најави дека во наредните денови ќе се одржи друга видео конференција, во која ќе учествува и унгарскиот колега Питер Сијарто. 

Меркел и В4: Границите треба да се отворат што поскоро, но внимателно

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел и лидерите на Вишеградската група се согласија дека е заеднички интерес постепено да се укинат ограничувањата во контрола на границите, кога тоа ќе биде можно, согласно условите кои ги диктира пандемијата на новиот коронавирус.

Вишеградската група или В4 ја сочинуваат државите Полска, Словенија, Унгарија и Чешка.

По видео конференцијата на лидерите на В4, Меркел и чешкиот премиер Адреј Бабиш на билатерална средба потврдија дека сакаат да ги олеснат мерките за граѓаните и компаниите во пограничниот регион, онолку колку што дозволува нивото на новозаразени, изјави портпаролот на германската влада Штефен Зајберт.

Football news:

Barcelona is demanding compensation from Nike. The company had previously withdrawn the form from stores due to poor quality
Pogba posted a photo with a hairstyle in support of BLM: ✊🏾✊🏾✊🏾✊🏾✊🏾✊🏾✊🏾
Borussia have notified Manchester United that they will not release Sancho for less than 120 million euros. There are no other candidates
Agent Hakimi: Zidane is the reason for moving to Inter. He did not call Ashraf, but Conte spoke about the project
Neymar has agreed with PSG that he will be released if Barcelona make an offer (As)
Wigan collapsed under external control. Perhaps all because of the murky betting in the Philippines
Pep on Manchester City's European Cup ban: I'm Sure we will be allowed to play in the Champions League