Macedonia

Од вирусни информации некогаш се повраќа

Најдено на Фејсбук, како дел од подолго писмо кое почнува со авторитетна референца „Чичко на мој соученик, негов вујко, работи во болницата Шенжен. Тој е однесен таму за да го проучи вирусот на пневмонија во Вухан......“

И меѓу другото, во советите ќе го најдете ова:

„Вирусот од Вухан не е отпорен на топлина и ќе биде убиен на температура од 26-27 степени. Затоа, пијте повеќе топла вода“.

Го замислувате ли вирусот како кмиши во нашиот стомак (заробен е таму кутриот и не може да мрдне!) и само чека момент да ни текне да го полееме со топла вода и така да го егзекутираме? Башка што е нејасно како воопшто ни стигнал до таму, пошто ние сме на 37 а тој, нели, гине на температура од 26-27 степени, што значи дека би требало да го спржиме на прв допир.

Значи, плиз не локајте топла вода заради вирусот. Кој ќе ве гледа како повраќате по улици.

(ако баш треба линк и за тоа дека не ви откриле „топла вода“)

*************

Вчера пренесовме сторија од Атлантик, темелена на сериозни извори, меѓу другите и епидемиoлог од Харвард кој проценува дека нема многу шанси болеста да се капсулира, но дека е веројатно таа да стане уште една сезонска болест (бидејќи има мала смртност а висока заразност) а дека во наредните години новиот вирус ќе го закачат меѓу 40 и 70 проценти од луѓето.

Реакции од излудените кои читаат само наслови? Мајки-шајки, устата ни е погана, ние први да фатиме и слично. За заебанција ги споделуваме ваквите реакции со пријателот од странство кој ни го нафрли линкот од Атлантик.

Тој па нè дотепа со неговата реакција:

- А ти би да чуваш име :)