Без намалување на штетните последици од пандемијата по здравјето на граѓаните воопшто не треба да се размислува за оддржување на предвремените парламентарни избори, реагира Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Гледаме како последната недела секојдневно има по над 20 заболени и по неколку починати од корона вирусот од една страна за од друга страна да не убедуваат како пандемијата стивнува и дека сега е можност без ризик да се организираат избори, вели Пешевска со својата објава.

Го гледав протоколот на Комисијата за заразни болести напишан за кампањата и изборите и искрено морам со жалење да констатирам дека тоа наликува на се освен на стручен документ напишан со препораки од врвни здравствени лица кои треба да се грижат за заштита на здравјето на граѓаните. Но очигледно политиката си го направила своето и во Комисијата за заразни болести во која членува и еден кандидат за пратеник на СДСМ, вели понатаму таа.

Едно е јасно, кога и да се оддржат изборите ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните на Македонија ќе победат но на нас не ни треба власт и победа по цена на опасност по здравјето на граѓаните, вели Пешевска.