Кандидатот за градоначалник на Виница од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Петков преку статус на Фејсбук ги повикува граѓаните во недела да го заокружат бројот 7.

-Изминативе 20 дена од изборната кампања ги посетив сите населени места во Општина Виница и се сретнав со голем број од Вас, со единствена цел, презентирање на изборната програма и мојата визија за општината.

Време е Виница да одбере реални проекти наместо празни ветувања, способни и одговорни личности наместо оние кои ги ставаат личните интереси пред Вашите.

Јас и мојот тим се обврзуваме дека нема да потпаднеме под било какви притисоци и нема да се откажеме од нашата визија за подобра и просперитетна Виница, Виница за сите!

Бидете свои на своето, зад гласачкиот параван сте сами и вие одлучувате во каква општина ќе живееме.

Време е да создадеме нова иднина за Општина Виница!

Новата иднина на Општина Виница зависи од секој од Вас.

Да го заокружиме бројот 7 за промени, за проекти, за голема победа за Македонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.