logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo
star Bookmark: Tag Tag Tag Tag Tag
Macedonia

Пиесата „Враќање дома“ на Османли објавена во „Балкански књижени гласник“

Од:

Во новиот, 40-ти број на литературно списание „Балкански књижени гласник“ деновиве е објавен најновиот драмски текст на Томислав Османли – „Враќање дома“.

Пиесата се однесува на траумите на наши современици од две генерации кои, како што вели писателот, ги жи­веат своите делби, сонот за богатство, носталгии, острас­тените поли­тизации, социјални трауми, политички фрус­трации, и во еден дел – реализираните желби за заминување од тука, од овој или од некој друг град, додека повеќето остануваат заглавени на истото место, во едно от­ту­ѓено меѓувреме.

Списанието „Балкански књижевни гласник“ во Србија излегува петнаесет години и ја афирмира литературата и уметноста на автори од балканските простори. Објавува оригинални прозни, драмски, поетски есеистички творби, прикази и интервјуа.

Пиесата „Враќање дома“ на Османли пред неколку месеци беше објавена во неговата книга „Нови драми“ во издание на ВиГ „Зеница“ од Скопје.

Themes
ICO