Регионалниот центар за Гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Б.А.(40) и К.Ѓ.(27) двајцата од Гевгелија, осомничени за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 10.06.2020 околу 05,40 часот од страна на мото-патролни служби на Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин Богородица на автопат Гевгелија –Скопје, соопштија денеска од МВР, било забележано товарно возило „ман“ со бугарски национални ознаки и приклучно возило, како се движело со голема брзина. Потоа мото-патролата се упатила кон товарното возило со цел да го запрат, а кај стариот пат од село Милетково кон село Габрово возачот го сопрел товарното возило и избегал.

– При преглед над товарното возило биле пронајдени 142 мигранти и биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка, стои во соопштението од МВР.