Macedonia
This article was added by the user Anna. TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Селани во Кенија на смрт претепале сериски убиец на деца

Дваесетгодишниот Мастен Ванјала го фатиле селани и го тепале до смрт, јави тамошната полиција.

Мажот ги признал убиствата на десет деца во период од пет години, а откако пред два дена не се појавил на суд, полицијата почнала голема потрага.

Освен што ги убил децата, тој признал дека ги дрогирал, а на некои им ја пиел крвта.

Тој наводно се вратил во куќата на своите родители, кои се откажале од него, а подоцна го претепале соседите кои дознале дека е таму, изјавил очевидец за кенискиот весник Стандард.

Не е јасно како успеал од Најроби да стигне до куќата на неговите родители во село во зафрлен дел од земјата.

Ванјала бил уапсен во јули и од тогаш бил во затвор.