Macedonia

Штип ќе добие нов стадион

Општина Штип и ФФМ заедно со помош од УЕФА ќе го реконструираат стадионот во Штип по што на него би можеле да се играат и меѓународни натпревари.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, заедно со потпретседателот Лазар Ракиџиев и членот на УО од ОФС Штип, Димитар Џонов, одржаа работен состанок со градоначалникот на Штип, Благој Бочварски на кој се сложија околу битни прашања и заклучија дека Градот и Федерацијата ќе ја продлабочат својата соработка во заеднички интерес, а тоа првенствено значи развој на фудбалската инфраструктура во Штип и целосна реконструкција на стадионот на кој настапува фудбалскиот клуб Брегалница.

„Мене ми е драго што со градоначалникот Бочварски, не само како архитект по професија, туку и како страствен навивач на Брегалница, фудбалот ни е заеднички јазик и уверен сум дека можеме да направиме големи работи за стадионот во Штип, како еден од нашите најголеми фудбалски центри“, рече Сејдини.

„Исклучително сум задоволен затоа што добив позитивен одговор од страна на претседателот на ФФМ и подготвеност тие да ја финансираат изградбата на едната трибина. Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА ќе ја гради западната трибина на стадионот и заедно со општината ќе биде дел од проектот за изградба на репрезентативен стадион со категоризација за натпревари и од највисок ранг“, вели градоначалникот Бочварски.

Моментално во државава само стадионот „Тоше Проески“ во Скопје ги исполнува условите на УЕФА за одигрување меѓународни натпревари од сите категории, додека стадионот „Младост“ во Струмица едвај доби преодна оценка за одржување на натпревари од најниската категорија.

Во тек градежни работи на стадионите „Чаир“ во Скопје, „Атина Бојаџи во Охрид, „Гоце Делчев“ во Прилеп и „Под Тумбе Кафе“ во Битола кои исто така треба да добијат нов лик.

Football news:

Tiago put his house in Munich up for sale. Liverpool was Interested in him
Glushakov before the game with Spartak: I have no problems with the fans
Olivier Giroud: I'm Glad that my goal helped Chelsea win
Hulk: the Contract with Shanghai ends in December. I don't want to play in China anymore
Inter will extend their contracts with Handanovic and D'ambrosio until 2022
Pep Guardiola: I would have stayed at Manchester City and in League 2
Manchester United is ready to sell Alexis, Lingard, Smalling, Dalot, Jones and Rojo