Macedonia

Следната недела ќе биде отворен затворениот базен во Куманово за пливачките клубови

Од: А1он

Наредната недела ќе биде отворен затворениот градски базен за членовите на пливачките клубови, најавија денеска надлежните од ЈП „Чистота и Зеленило“ од Куманово, под чија надлежност е овој комплекс.

Спортскиот објект ќе работи согласно дадените протоколи за отворање и работа на базените, кој опфаќа сет мерки за време, пред и после тренинзите.

– Дадени се насоки од Владата како ќе функционира работата на базенот. Јавното претпријатие е подготвено, базенот е дезинфициран, вработените се на работните места. Од наредната недела ќе почнеме со процес да дефинираме што значи пливачки клуб, склучување посебни договори со нив, ќе им биде вметнат и член за почитување на протоколот во договорите и мислам дека од наредната недела дека ќе можеме да започнеме, изјави директорот на јавното претпријатие, Даниел Стојчевски.

Меѓу бројните препораки кои се дадени за користење на базените, се и одржување физичка дистанца, тренерите да користат заштитна опрема кога ги одржуваат обуките, по завршување на тренингот и децата да користат маски, да се зголеми употребата на хлор, да се обезбеди соодветна вентилација, да не се користат соблекувалните.
Базанот беше затворен во март годинава од почетокот на ширењето на коронавирусот.

Football news:

Atletico Interrupts the penalty for the second match in a row. Morata converted an 11-yard shot from the 2nd attempt
Sandro Rosel: Messi will not be a pawn in Barca's presidential election. He's too smart
De Rossi or Spalletti can lead Fiorentina
Chelsea have resumed talks with Willian about a new contract
Pogba wants to stay at Manchester United
Doping officers visited the Barca base and checked Griezmann, Busquets and Fati (MD)
Varane may miss the match with athletic