Macedonia

Со ауди во Загреб покосил трамвајска станица (ВИДЕО)

Полицијата соопшти дека 31-годишник управувал со личен автомобил марка „ауди А6“ со загрепски регистарски таблици, а се движел по улицата Кнез Бранимир во насока кон запад.

Тој од сообраќајната лента за вртење десно продолжил да се движи право поради што со предните тркала налетал на пешачки остров за насочување на сообраќајот и поминал преку него налетувајќи на два столба на пешачки семафори. Потоа продолжил да се движи по станица на трамвај и со предниот дел налетал на оградата и натстрешницата.

Сѐ се гледа на снимката од безбедносната камера која е објавена на социјалните мрежи.

Во сообраќајната несреќа е тешко повреден 31-годишникот кој управувал со автомобилот и пружена му е лекарска помош.