Петре Шилегов наместо да води евиденција кој кров во чие време е изграден, нека засука ракавите и нека го среди хаосот во кој ги остави Скопјани дваесетина часа по невремето, ова днеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје.

-Шилегов наместо да биде градски матичар на фасади и кровови, нека биде градски татко кој ќе почне да работи. Оштетени се повеќе кровни конструкции меѓу кој и на повеќе средни училишта под надлежност на Градот Скопје. 3 години се апсолутна власт и немаат никакво оправдување за својата неработа, но и за политиканството за некакво барање одговорност пред три години. Тоа е признание дека ништо не сработиле овие три години, потенцираат од партијата.

Од Советничката група додаваат дека Скопје вчера го преживеа невремето и тоа е помала грижа во споредба елементарната непогода викана Петре Шилегов и Зоран Заев.