Macedonia

СЗО: Ризикот на смртност од коронавирус е поголем кај пациентите пушачи

Од: А1он

Светската здравствена организација соопшти дека пушењето носи поголем ризик за добивање на тежок облик на болеста како и поголема смртност од коронавирусот кај хоспитализирани пациенти, иако не е прецизирано колку се повисоки тие ризици.

Врз основа на 34 објавени извештаи за поврзаноста на пушењето и Ковид-19, вклучително и веројатност за инфекција, хоспитализација, тежина на болеста и смрт, се нагласува дека пушачите се до 18 проценти од хоспитализираните пациенти со коронавирус.

Во април, француските истражувачи објавија мала студија во која се вели дека пушачите имаат помал ризик од инфекција со Ковид-19 и планирале да тестираат никотинска лепенка на пациенти и здравствени работници, но многу научници потоа ги довеле во прашање нивните тврдења, велејќи дека нема доволно валидни докази за тоа.

СЗО соопшти дека „достапните докази укажуваат на тоа дека пушењето е поврзано со сериозноста на болеста и поголема смртност кај хоспитализирани пациенти со Ковид-19“ и препорача пушачите да се откажат од пушењето.

Football news:

Vertonghen, Everton and Waldschmidt moved to Benfica
In 2008, an Asian Leopard was built in Uzbekistan. Even Rivaldo came and paid the team out of his own pocket a year later
Borussia Dortmund can rent Reinier from Real Madrid
Loko fans about support at matches: we Consider it a mistake to remain silent about disagreeing with the management's policy
Ex-Sunderland midfielder Cattermole has finished his career. He did not leave the club even after relegation to the 3rd division
Xavi: Racism, sexism and other forms of discrimination must be eradicated by stopping games
Javier Mascherano: Messi is the main reason why Barcelona can beat any team