Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Тоти: Барса никогаш не ме побара, ќе беше убаво да заиграв таму

Легендата на Рома, која никогаш не го напушти клубот, а го одби Реал Мадрид, откри дека жали што немал шанса да заигра за Барселона.

Во интервју за каталонскиот весник Sport, поранешниот капитен на Рома изјави дека Барселона никогаш не го побарала, но затоа лутиот ривал Реал бил упорен.

„Најискрено - не. За време на мојата кариера никогаш не зборував со Барселона околу трансфер во Каталонија. За разлика од нив, Реал Мадрид правеше сѐ што можеше за да ме донесе“, рече Тоти.

„Малку ми е криво бидејќи Барселона се одличен тим за очи. Ќе беше убаво да заиграв таму. Во некој друг свет, ајде да видиме дали Барса ќе испрати покана...“

Тоти имаше шанса да биде дел од Галактикос, оној ѕвезден тим на Реал, но не се реши да ја напушти „Волчицата“.

„За мене, останувањето во Рим беше најдобриот избор. Вистина е дека во одреден дел од мојата кариера бев блиску до потпис со Реал. Но, одлучив со моето срце“.

Останувањето во Рома го чинеше Тоти да има кариеран не многу богата со трофеи. Лигата н ашампионите никогаш не ја освои, само еднаш стана шампион на Италија, а два, односно три пати ги освои помалку значајните Копа Италија и Суперкопа.

„Јасно е дека кога играш во одредени тимови, како Рома, за разлика од Реал Мадрид, имаш многу помалку шанси да ја освоиш Лигата на шампионите. Но, Рома беа мои шампиони“, заврши римската легенда.