Денеска ги посетив населените места Зелениково, станица Зелениково, Ново Село, Пакошево, Орешани и Таор. Разочараност и депресија владее кај граѓаните. Ги посетуваме сите семејства за да ги потсетиме дека сме тука заедно кога е најтешко и дека заедно ќе ја поразиме оваа власт, и ќе градиме обнова.

Македонија е прва во Европа по корупција според Транспаренси, со убедливо најлош резултат, а Економист ја смести државата во земји со хибриден режим. Тоа е така поради криминалот и корупцијата. Македонија е меѓу топ 10 земји според најголема невработеност на младите а иселувањето е сериозен проблем. Сево ова завршува на 12-ти Април, напиша на својот Фејсбук профил Коце Трајановски.