Macedonia

Трамп со ултиматум до СЗО: Ќе го прекинам финансирањето и членството

Доналд Трамп ја обвини агенцијата на ОН дека е „алармантно зависна“ од Кина.

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати писмо до шефот на Светската здравствена организација (СЗО) во кое се закани дека засекогаш ќе го прекине американското финансирање за агенцијата поради ситуацијата со COVID-19.

Во писмото, тој ѝ дава на СЗО дава ултиматум од 30 дена да се обврзе на „значителни подобрувања“ или во спротивно ризикува да изгуби милиони, како членството на САД во организацијата.

Во писмото упатено до шефот на СЗО Тедрод Адханом Гебрејесус, се критикуваат фазите на начинот на кој организацијата одговори на здравствената криза од декември наваму.

Вчера Трамп рече дека здравствената агенција на ОН е „марионета на Кина“. Претседателот на САД, кој годинава се соочува со реизбор и самиот беше критикуван за начинот на кој се справи со пандемијата во својата земја, ја обвинува Кина дека се обидела да ја скрие епидемијата, а СЗО дека не побарала отчет и одговорност од Пекинг.

Портпарлот на кинеското Министерство за надворешни работи Џао Лиѓијан изјави дека Трамп се обидува да ја доведе јавноста во заблуда, да ја оцрни Кина и „да ја префрли вината за некомпетентната реакција на САД“.

Ултиматумот на Трамп следи во време кога СЗО се наоѓа под силен притисок. Во писмото, американскиот претседател ја обвини СЗО дека е „алармантно зависна“ од Кина. Понатаму тој вели дека агенцијата „постојано ги игнорирала“, како што тој вели „веродостојните извештаи“ дека вирусот се ширел во Вухан во декември, па дури и порано. Во повеќе наврати Трамп ја обвинуваше Кина дека несоодветно одговорила на епидемијата во земјата.

Досега во САД се регистрирани над 1,5 милиони заразени со коронавирусот, од кои повеќе од 90.000 починаа.

Football news:

Again, we shake hands with Carlos Tevez 🤝 He will give half a year's salary to the victims of the pandemic
Cesc Fabregas: for me, Messi is the best. He always wants to win
The return matches of the 1/8 final of the Champions League and 6 matches of the Europa League will be held at the stadiums of the host teams
Rivaldo: talking about VAR, Barcelona is trying to distract attention from the real problems of the club
Ribery about the robbery: the Fans and Florence to support me. Fiorentina forever!
Vinicius tested negative for the coronavirus. He will be able to play with Alaves
The tournament-the return of MLS-is still a failure. Spend in Florida (7-11 thousand cases per day), players are afraid of the virus and complain about food