Macedonia

Туризмот меѓу најпогодените гранки во Малешевијата

Со откажани аранжамани и празни капацитети, во Малешевскиот регион започнува една од полошите сезони во туризмот. Како што информираат од поголемите туристички капацитети во Берово и Пехчево, поради здравтствената криза, сите аранжмани од мај до август се откажани, што сопствениците ги става во незавидна положба, поради „нула“ приходите кои ги имаат.

– Се што беше закажано од странски и домашни туристи е откажано до август. Практично од месец март досега немаме никакви приходи од таквите аранжмани. За жал состојбата продолжува, што уште повеќе ја прави катастрофална сезоната, велат сопствениците на поголемите капацитети од беровско и пехчевско.

Како што додаваат, освен отсуството на туристите поради состојбата со Ковид-19, повеќе од два месеца не се одржуваат никакви собири од типот на семинари и друг вид на организирани настани, што дополнително ја влошува состојбата.

– Не очекуваме и по завршувањето на здравствената криза тоа да се подобри. Да не звучиме негативно, но и фирмите кои ги правеа тие семинари се економски ослабнати, така што и овој дел од услугите по завршувањето на кризата очекуваме да бидат намалени, додаваат туристичките работници.

Од двете малешевски општини Берово и Пехчево потврдуваат дека туризмот во Малешевијата е во многу тешка состојба, заради што планираат наскоро на заедничка средба да се дебатира со сопствениците на поголемите туристички капацитети за подобрување на оваа состојба.

– Факт е дека поради здравствената криза се откажани сите аранжмани во хотелите. Она што можеме да го направиме за да влијаеме за подобрување на оваа состојба е да апелираме со олабавувањето на мерките, туристите да ја посетуваат Малешевијата, а ние со сопствениците на капацитетите да изнајдеме и други алтернативи за подобрување на состојбата со туризмот, децидни се од двете општини.

Засега како минимално олеснување за туристичките капацитети, општините ги намалија или целосно укинаа таксите за користење јавен простор, мерка која најверојатно ќе биде продолжена и во наредниот период.

Football news:

Real goes into the gap under the talk of refereeing. In similar moments, Madrid were given a penalty, but Athletic were not
Sergio Ramos: I would Play tennis if I wanted personal recognition. It is very nice to win with the team
Lukaku scored 20 goals for Inter in the first 30 rounds of Serie A and repeated the achievement of Ronaldo, Meazza and Niersch
Marcelo scored the 350th victory in the composition of the real world
Iturralde Gonzalez on the foul on Marcelo: a Clean penalty. Ramos' violation is also a penalty
Mandzukic terminated his contract with al-Duhail and can move to Milan or Benevento
Zinedine Zidane: I'm Tired of talking about Real Madrid winning thanks to the judges