logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo
star Bookmark: Tag Tag Tag Tag Tag
Macedonia

(ВИДЕО) Арсовски: Прилеп е општина која е заробена од неколку фамилии од СДСМ

„Сериозна зараза од епидемија на непотизам владее и во Прилеп, град кој е под целосна контрола од кадрите на СДСМ.

Во Прилеп, нема функционер на СДСМ кој што не си ја вработил целата фамилија, почнувајќи од градоначалникот за кој имаше постапки во ДКСК, па се до најнискиот партиски активист кој што работи во општината или било на кое друго место во државната администрација.

Денеска, ќе ја запознаеме јавноста со неколку случаеви на непотизам на локално ниво односно во Општина Прилеп.

Прв случај, ќе го посочиме директорот на ОУ „Гоце Делчев“, Веле Георгиоски, кој си го вработил својот син Славчо Георгиоски во Јавното претпријатие за стопанисување со јавен станбен и деловен простор. Ни помалку, ни повеќе на место каде што платата е далеку повисока од просечната плата“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Втор случај, Советникот на СДСМ во Општина Прилеп, Шеверкоски, си ја вработил својата ќерка Весна Шеверкоска во општината, во општината каде што тој самиот е советник, а другата ќерка Цвете Божиноска си ја вработил во подрачно училиште во с. Обршани. Онаму каде што тој самиот е советник од СДСМ, ја вработува ќерка си, па еве нека ги убеди граѓаните дека немал никакво влијание за овие две вработувања.

Трет случај, досегашниот командир на полициската станица Прилеп, партискиот полицаец на СДСМ, Кире Спиркоски, сестрата на сопругата, Викторија Јовческа ја вработил по ново во општина Прилеп. Најверојатно како награда за работата која што ја вршел до сега за СДСМ, како командир на полициската станица.

Четврт случај на непотизам во Прилеп, Круме Симоноски инаку комерцијален директор на Тутунски комбинат во Прилеп, близок до функционерите од СДСМ, си ги вработил и сопругата и нејзината сестра во Тутунски комбинат каде што самиот е комерцијален директор. Еве и тука нека ги убедат граѓаните дека немале никакво влијание во ова вработување.

Прилеп е општина која е заробена од неколку фамилии од СДСМ.

Затоа апелираме до Државната Комисија за спречување на корупција да ги земе многу сериозно сите овие информации јавно истакнати за непотизам, за епидемија од непотизам во Општина Прилеп. Исто како што минатите неколку денови објавувавме за Општина Штип. Да се поведат постапки и соодветно да ги санкционира. Да ги санкционира сите оние каде што ќе се утврди дека имало влијание во вработување на роднините од своите семејства.

Одговорност ќе има, и одговорност мора да има! Република Македонија конечно мора да тргне напред и тоа ќе се случи веднаш по 12-ти април откако ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите. И конечно ќе почне обнова на Македонија“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Themes
ICO