Macedonia

ВИДЕО: Лозано заминува на голема американско-канадска турнеја

Од: А1он

Нашата најголема поп-ѕвезда Влатко Лозаноски, по барање на дијаспората заминува на голема светска турнеја во Америка и Канада.

Лозано се очекува да одржи концерти во градовите Чикаго, Колумбус, Детроит, Њу Џерси и Торонто.

Пејачот на настапите ќе биде придружуван од неколкумина професионални музичари, а покрај неговите најголеми хитови како „Километри“, „Јако, јако“, „Мајко“, „Ова лето ќе се памети“ и многу други, на концертите Лозано ќе ги запее и најпознатите македонски народни песни.

„Се радувам што за првпат ќе настапувам пред многубројната македонска публика во Америка и Канада. Наназад низ годините имав доста понуди од таму, но решивме дека сега е вистинско време за една голема турнеја. Со нетрпение очекувам да дојде март и да започнат концертите. Она што е интересно, откако објавивме на социјалните мрежи дека ќе одржам неколку концерти ми пристигнаа и доста пораки од Срби, Босанци, Хрвати и Бугари кои ми кажаа дека ќе бидат дел од публиката“, вели Влатко Лозаноски.

Само пред неколку недели, тој на еден од најголемите музички настани во Јужна Европа „МАК“ ја освои престижната награда за најдобра поп-фолк нумера за целиот регион со песната „Мајко“.