Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

(ВИДЕО) Васев: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, промовираат проекти на СДСМ и му служат само на Мицкоски

„Измина веќе еден месец од одржаните локалните избори, влегуваме во вториот, а градоначалниците на Мицкоски ништо не работат. Јавноста е сведок дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ единствено што излегоа во јавноста овој период е промовирање проекти од СДСМ, истите оние кои ги критикуваа, како и промоција на Христијан Мицкоски“, рече Стефан Васев од СДСМ.

„Беше промовиран проект на СДСМ во Гази Баба за канализација, проект на СДСМ во Аеродром за фотоволтаици, проекти на СДСМ во Кисела Вода но и во други општини.

Данела Аросвска никаде ја нема, освен што прави се против проектот за Бас рапид систем. За овој период не можеше ниту да го обележи булеварот Киро Глигоров, што го направи Петре Шилегов.

Дрско и спротивно на препораките на УНЕСКО, ВМРО-ДПМНЕ продолжија со уништување на Охрид и Охридското езеро.

Во некои општини како Ѓорче Петров и Бутел, наместо да ги расчистуваат депониите, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги трупаат депониите и создаваат нови.

Освен ова, уште во првите денови од мандатот го покажаа своето вистинско, режимско лице.

Јавноста е сведок дека во неколку општини уште во првите недели луѓе се бркаа од работа, се деградираа само затоа што не се членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, не закажува вонредна седница на барање на советниците од СДСМ, коалицијата и ДУИ за исплата на финансиска помош за семејствата на настраданите во несреќата во Бугарија.

Овој период видовме и голо политиканство и кршење на Уставот од страна на градоначалниците на Кисела Вода и Штип.

Заклучокот е дека на почеток на мандатите, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ наместо за интересите на граѓаните и општините, работат за интересите на заменик градоначалникот Христијан Мицкоски. Прават се, освен она за што граѓаните ги избраа“, изјави Стефан Васев од СДСМ.