Macedonia

Вујовиќ: Алборг можеби е најдобриот тим во Европа, но Вардар дома може да победи секого

Алборг досега има две убедливи победи, и важи за еден од најдобрите тимови во моментов. Вујовиќ се надева дека со помош од публиката Вардар може да дојде до триумф.

„Сите ние во клубот сме оптимисти и тренер и играчи. За кратко време одигравме многу натпревари, шест за некои 15 дена што е премногу. Имаме голем замор и многу тешко е да се биде на максимум на еден натпревар против тим како што е Алборг. За нив да не трошиме зборови имаат можеби најдобар тим во Европа, втори беа на Ф4. Една исклучително дисциплинирана екипа, која прави малку грешки и мора да одиграме максимално фокусирано ако сакаме добар резултат. Нормално дека Вардар дома може да победи секого, па и Алборг, со помош на публиката сè е можно. Сигурен сум дека тие добро ќе нѐ анализираат и Вардар е за нив прв сериозен тест и сигурно нема да дојдат неподготвени“, изјави Вујовиќ.

Тренерот ја искоментира и играта на браќата Њокас кои веднаш блеснаа.

„Со браќата Њокас добивме опасност на шутери, ни фалеа пред да дојдат дури и со Гурбиндо, но добивме и опасност за нас од технички грешки. моја задача како тренер е да ги смирам, зашто тие се потрошувачи на топки. Имаа страшна партија со Мешков и јас сум свесен дека нема да можат да ја повторат, дека ќе паднат кога и да е во текот на сезоната“.

„Уште не знам точно за што е способна оваа екипа. Јас се изненадив од добрата игра со Мешков, од друга страна мислам дека можевме повеќе со Пелистер, но тоа е минато. Е ајде сега да видиме со овој противник по мерка и играчки и тренерски. Ако го добиеме Алборг, тогаш нашите амбиции ќе ги надминат оние првичните, нормалните“.

Football news:

Neville about Manchester United: I would not like to be a defender of a team that has Ronaldo, Pogba, Bruno, Sancho and Greenwood on the field
Barcelona wants to sign Vlahovic from Fiorentina if they don't buy Holand (Gerard Romero)
Manchester United's new crisis: they lose even with Ronaldo, Pogba blames the defense, Sulscher admits mistakes
Brentford coach: Chelsea are very lucky. We dominated the last 30 minutes. He has 5 strokes!
Tuchel about 1-0 with Brentford: Chelsea were strong in the first 70 minutes and lucky in the last 20
Ronaldo has no effective actions in three consecutive Premier League games. Today he struck 3 shots, gave 31 passes and was offside 3 times
Why is Mehndi not nominated for the Golden Ball? Rüdiger about the goalkeeper's game with Brentford