Во последните 24 часа се направени 1.348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи со Ковид-19, како и шест починати лица.

Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни.

Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години.

Во Општата болница Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.